За да ги конкретизираме работите и да започнеме со истите, ние пред повеќе од 48 часа, јавно и писмено направивме понуда за која чекавме одговор. Поминаа 48 часа, а оставивме уште 12 часа дополнително за да добиеме одговорза понудата што им ја дадовме на тие што ги сметавме за партнери со вас на предвремените парламентарни избори кои не чекаат на 12 април.
Ја користам оваа можност затоа што имам обврска да ве информирам, бидејќи пред сè, ние мора да бидеме транспарентни и објективни спрема вас за тоа што заеднички треба да го направиме на изборите на 12 април, но и после тоа.
Во овој момент, морам да кажам дека добив писмена согласност за предизборна коалиција од г. Африм Гаши, претседател на Алтернатива, а за жал сме игнорирани од другите партии. Се разбира дека со ова дефинитивно морам да ве известам дека имаме само една согласност за коалиција за 12 април и нема враќање од овој момент.
Имаме согласност од Алтернативата на г. Гаши, со кого јас како претседател на Алијанса за Албанците, ве информирам дека ќе имаме коалиција со истата, додека остануваме отворени за сите други партии кои се заинтересирани да го направат албанското гласање што е можно посилно, и обединети за максимизирање на албанската понуда на изборите на 12 април, но и за периодот после 12ти април.
Се разбира дека Алијанса за Албанците никогаш не се сметала себеси како предмет за остварување на нечии партиски интереси. Алијанса нема да биде начинот на кој некој сака да опстане на политичката сцена, Алијанса за Албанците е објект и механизам што е во служба на Албанците, албанскиот народ во Северна Македонија со цел да се постигнат народните цели.