ВМРО-ДПМНЕ со жестока осуда на говорот на омраза зад кој стои директно СДСМ, надлежните жестоко да реагираат

СДСМ ги помина сите граници. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза и антисемитизмот кој го практикуваат структури блиски до власта како што е последниот случај со нападите на Рашела Мизрахи од страна на Тричкоски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека таквиот говор на омраза е стимулиран и поттикнуван директно од СДСМ и Зоран Заев. Тоа заедно со лажните вести се само завеса зад бегството од одговорност за криминалите за кои треба да одговараат.

Ваквото оркестрирано ширење на омраза на гласноговорниците на Заев покажуваат само слабост и страв од пораз на хибридниот режим на Заев. Политиката на поделби на власта денес не зацврстува меѓу државите со највисока стапка на корупција и криминал во Европа.

Ги повикуваме надлежните институции да превземат мерки за санкционирање на говорот на омраза и заштита на слободите и правата.

Ги повикуваме сите општествено одговорни авторитети да го осудат антисемитизмот практикуван од владејачката СДСМ и ним блиските луѓе.

Треба да знаете
Последни објави