– Најмалку две лица ги загубија животите откако од шини излета брз воз во близина на градот Лоди во северна Италија.
Железничката несреќа се случи околу 5:35 утрото по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим.
Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.