Забрана за сообраќај за сите видови возила на Плетвар и Тетово -Попова Шапка

Забрана за сообраќај за сите видови возила од утрово има на планинскиот превој Плетвар и Тетово – Попова Шапка.

Како што информираат од ЈП Македонијапат, забраната е поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и наноси на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на Македонијапат

Од јавното претпријатие соопштија дека на патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце е задолжителна употребата на зимска опрема за сите видови возила и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави