Легендата на Барселона, Лобо Караско, ги прокоментира скандалите на „Камп Ноу” меѓу големата sвезда Лео Меси и спортскиот директор Ерик Абидал.
Според него, шесткратниот добитник на „Златната топка” за прв пат е многу близу до напуштање на Каталонците, што со сигурност ќе го „разнесе” фудбалскиот свет.
– За сите години откако се за вљубив во Меси поради неговиот стил на игра, го гледам за прв пат со една нога надвор од клубот. Замислете како треба да се чувствувам одвнатре. Овој човек има 32 години, тој не само што игра фудбал, туку и презема одговорност. Доаѓа време кога некој треба да ги разгледа своите опции и да види дали е среќен или не. Многу важни работи можат да се случат во Барселона, рече Караско, кој има 112 натпревари и 49 голови за шпанскиот колос во 11 сезони.
Потсетуваме дека Меси се налути по изјавата на Ерик Абидал. Тој рече дека некои од играчите не давале од 100 отсто од себе пред отказот на Ернесто Валверде, кој беше заменет со Кике Сетиен.
Меси го повика Французинот да зборува со конкретни имиња, што донесе уште поголема тензија.
Според гласините, Манчестер Сити ја следи ситуацијата.