Принцот Чарлс ја назначи Кети Пери за амбасадор на британско-азиска добротворна организација

Британскиот принц Чарлс следниот вторник ќе објави дека американската поп-пејачка Кети Пери ќе стане амбасадор на добротворната организација British Asian Trust за да помогне во борбата против трговијата со деца, соопшти организацијата.

Пери (35), која веќе е амбасадор на добра волја за УНИЦЕФ, Фонд за деца при Обединетите Нации, се сретна со британскиот престолонаследник на состанокот на приврзаниците и советниците на БАФ во Мумбаи минатиот ноември, додека беше во посета на Индија.

„Бев импресионирана од нивниот силен план – од теренски иницијативи до прибирање финансиски средства – кој ќе имаат за цел да ја намали трговијата со деца на половина“, рече Пери.

„За мене е посебна чест што сум прогласена за амбасадор на Фондот за заштита на децата при британско-азиската добротворна организација. Сакам да помогнам во активностите што оваа организација ќе ги прави во Јужна Азија, и да бидам дел од изнаоѓање решенија за трговијата со деца.“

Добротворната организација, основана од принцот Чарлс и британски азиски бизнис лидери во 2007 година за борба протов сиромаштија, нееднаквост и неправда во Јужна Азија, тврди дека според податоците со кои располага, 5.8 милиони деца во Индија работат под принуда, а многу од нив се подложени на присилна работа по 15 часа на ден.

Треба да знаете
Последни објави