Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими генерал Милан Мојсиловиќ, Началник на Генералштабот на Војската на Србија.
На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави во сферата на одбраната преку отворен и конструктивен дијалог.
Претседателот Пендаровски ја поздрави соработката меѓу армиите на двете држави и учеството во заеднички регионални иницијативи и изрази очекување дека соработката ќе продолжи во иднина, во интерес на двете пријателски држави.
На средбата претседателот Пендаровски посочи дека членството во НАТО е една од главните стратешки цели на Република Северна Македонија од прогласувањето на независноста и оцени дека тоа ќе придонесе за долгорочната стабилност и безбедност на регионот.