Една од работите за кои сме навистина горди во СДСМ е донесувањето на законот за енергетика, како европски закон, истакна претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски на трибината Агенда-Енергетика 20-24, синоќа во Битола.
Андреевски нагласи дека фотоволтаиците и ветропаркот се новите проекти кои ќе го движат напред енергетскиот систем во земјата.
Андреевски потсети дека во периодот од 2006 до 2017 година енергетскиот систем се движеше во неповолна насока и цената на електричната енергија се зголеми за 100%, беше укината евтината тафира на струјата, а обновливите извори на енергија беа дебело субвенционирани.
Ние ја вративме евтината тарифа на струјата, и за 2,5 година е забележано намалување на цената на електрична енергија за домаќинствата, истакна претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски на трибината Агенда-Енергетика 20-24.