Уапсени пет косовки во ресторан кај Брвеница

На 05.02.2020 во 19.30 часот, при акциска контрола во угостителски објект на крстосница од ул.„Илинденска“ и регионалниот пат за с.Брвеница, полициски службеници од Полициска станица Тетово ги лишиле од слобода К.В.(23), Н.А.(19), Ј.С.(20), А.И.(19) и Ф.К.(25), сите од Р.Косово и С.В.(18) од Р.Албанија, поради тоа што по остварениот влез не го пријавиле туристичкиот престој во законски предвидениот рок, со што постапиле спротивно на член 190 и член 218 од Законот за странци. При акцијата, исто така, биле приведена и Л.У.(34) од Кичево, затоа што се однесувала агресивно и ги навредувала полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави