Шкријељ: Ги подобруваме капацитетите за згрижување на децата, се подобруваат условите во градинките, овозможуваме да се тргне товарот на домашните обврски од жената

Министерството за труд и социјална политика преку реални и видливи реформи покажа што значи подобрување на условите за живот и што значи да се грижиме за сите подеднакво, истакна Санела Шкријељ, дополнителна заменичка министерка во Министерството за труди и социјална политика.
Товарот на домашните обврски паѓа на жените, особено во одгледување на децата. Интензивно ги подобруваме капацитетите за згрижување на деца и тоа дополнителна причина зашто вложуваме во детскиот развој и заштита и подобрување на условите во градинките, додаде Шкријељ.
Шкријељ се осврна и на соработката на министерството со локалните самоуправи.
Инвестираме силно во развој на услуги на локално ниво и соработуваме со општините. Како за децата така и за повозрасните граѓани. Овозможуваме еднакви можности за сите и покажуваме што значи да се води грижа за родовата еднаквост, заклучи Шкријељ.

 

Треба да знаете
Последни објави