Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња, на денот на својот 35. роденден тренираше со соиграчите во „Јувентус“, а во текот на вечерта посети ресторан во Торино.
Пред ресторанот каде што се собраа Роналдо и неговото семејство и пријателите, тој доби подарок за роденден од неговата животна избраничка Џорџина Родригез.
Мерцедес-бенц АМГ Г63, автомобил од 180.000 евра, го чекаше Роналдо пред ресторанот „Каса Фиоре“ во Торино, а Џорџина ја сподели снимката на изненадување на својот инстаграм-профил, пренесува „Кликс“.
На снимката се гледа како Роналдо им се заблагодарува на пријателите и на неговата животна избраничка Џорџина.