ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на СДСМ ја плаќаат граѓаните со сопственото здравје

Петре Шилегов, Венко Филипче и Јани Макрадули мора да одговараат заради несоодветниот третман на медицинскиот отпад.

Бегање од одговорност веќе не смее да има.

Неспособноста на СДСМ се одрази и по здравјето на граѓаните на Република Македонија.

По објавениот скандал за Дрисла и третирањето на медицинскиот отпад, одговорност од Шилегов, Филипче и Макрадули се уште нема.

Шилегов не убедува дека контролите на надлежните инспекторати не покажале неправилности, а министерот за здравство Венко Филипче го нема никаде.

Јавното обвинителство се уште е во зимски сон, не реагира за хаосот во Дрисла.

Одговорност за овој хорор со кој што се соочуваат граѓаните ќе има. Ќе има по 12-ти април кога ќе започне обновата на Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави