Воз излета од шините во Италија, има загинати

Во северна Италија, во близина на Лоди, воз излета од шините, а според првичните информации, едно лице загина, а 30 се повредени.

Полицијата соопшти дека е во прекин сообраќајот меѓу Милано и Болоња поради несреќата.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ пишува дека загинале две лица, меѓу кои и машиновозачот и дека се повредени 30 патници.

Несреќата се случила утрово околу 5,35 часот.

Треба да знаете
Последни објави