Клубовите од англиската фудбалска Премиер лига се договрија летниот преоден рок да трае до 1 септември. Ова поместување на временската рамка за предониот рок ќе важи од сезоната 2020/21 година. Така во 2020 година, клубовите ќе можат да прават трансфери до 1 септември.
До овааодлука премиерлигашите дошле откако ја анализирале актуелната ситуација со преодниот рок откако пред две години одлучија тој да завршува на ден пред почетокот на новата сезона, односно во почетокот на август.
Во другите европски првенства, преодниот рок за фудбалерите трае до крајот на август или почетокот на септември.