Долгоногите убавици Хајди, Лаис, Девон и Нина на гала настан во Њујорк

Хајди Клум, Лаис Рибеиро, Девон Виндзор и Нина Агдал ги истакнаа своите долги нозе во фустани со длабоки шлицеви во гламурозна парада на престижниот настан аmfAR посветен на борбата против сидата.

AmfAR Гала Њујорк всушност е неофицијален почеток на Модната недела во Њујорк и оддава почест на поединци за нивниот голем придонес во борбата против ХИВ/СИДА.

Овој спектакуларен настан со црни вратоврски вклучува коктели, гала вечера, аукција на луксузни предмети, музички настапи и посебна почест кон истакнати поединци.

Четирите убавици помогнаа да започне њујоршката модна недела (New York Fashion Weekсо елегантни и сексапилни фустани, накит и обувки на познати дизајнери, пишува Дејли Мејл.

 

 

Треба да знаете
Последни објави