Дрисла со европски грант ќе стане прва вистинска санитарна депонија

Јавното претпријатие Дрисла кое деновиве е актуелно пореди несоодветно складиран медицински отпад, како и бројни неправилности во работењето кои се откриваат со ревизијата што се прави по враќањето на депонијата под „капата“ на Градот Скопје, наскоро треба да почне да се модернизира и да не ја загадува животната средина.

Како што дознава 24 Инфо, денеска Градот Скопје и новото раководство на Дрисла, предводено од директорот Коста Начевски очекуваат гости од Европа кои на лице место ќе ја посетат депонијата. Од нив, со проект за модернизација на депонијата, ќе побара грант од европските фондови за поддршка и развој на животната средина.

-Градот Скопје и ние како раководство планираме модернизација на депонијата. Изградба на централа на био-гас која ќе произведува електрична енергија, а со тоа ќе направиме почиста и поздрава животна средина. Идејата е со инвестиции во Дрисла да направиме и пречистителна станица за отпадни води, а со тоа „Дрисла“ да стане прва вистинска санитарна депонија. Веќе сме во преговори за набавка на нов стeрилизатор, моите очекувања се дека тој би можел да биде пуштен во употреба пролетва. Со тоа Дрисла би престанала да го согорува медицински отпад и да премине на стерилизирање на истиот – вели директорот Начевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави