Инцидентот со автомобил во Ерусалим се истражува како терористички напад

Полицијата трага по осомничениот кој избегал од местото на настанот откако влетал со автомобил во група луѓе во Ерусалим, при што повредил 12 војници на Израелските одбрамбени сили (ИДФ) и уште две лица. Инцидентот се истражува како тероризам, пренесува РТ.

Осомничениот влетал во група луѓе со голема брзина непосредно пред 2 часот по локално време. ИДФ соопшти дека од 12-те повредени војници, еден се здобил со тешки повреди.

Портпаролот на ИДФ, Хидај Зилберман, изјави дека војниците биле на тура пред церемонијата на положување заклетва на Западниот Ѕид во Стариот град во Ерусалим. Тие стоеле на тротоар кога се случи нападот и немале време ни да го наполнат оружјето и да одат по возилото.

Инцидентот се истражува како терористички напад, изјави портпаролот на полицијата, Мики Розенфелд. Полицијата започнала потрага по возачот, кој веднаш избегал од местото на настанот. ИДФ вели дека осомничениот е Палестинец. Локалните медиуми јавуваат дека неговиот автомобил е пронајден во Беит Јала, палестински град на 10 км јужно од Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави