Кетрин Зита-Џонс се збогува со Кирк: Ќе те сакам до крајот на животот

Холивуд и филмската индустрија се простуваат од легендарниот Кирк Даглас, кој почина во 104. година од животот. Тажни вести ги објави неговото семејство. Сопругата на синот на Кирк, Мајкл Даглас (75), актерката Кетрин Зита-Џонс (50) јавно се збогува со свекорот.

„Драг мој Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостигаш. Убаво спиј“, напиша Кетрин под фотографијата на Кирк.

Кетрин имаше добри односи со Кирк. Тие меѓусебно се почитуваа, заедно присуствуваа на јавни настани и честопати споделуваа фотографии на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави