Ким и Канје го покажаа својот луксузен дом вреден 60 милиони долари

Ким Кардашјан (39) и Канје Вест (42) ги пуштија новинарите од американското списание „Архитектурал дигест“ во својот футуристички дом. Имотот во Хајден Хилс се проценува на 60 милиони долари.

Во едно интервју тие рекоа дека потрошиле огромни милиони за реновирање и со години ја реновираат куќата. „Архитектурал дигест“ го карактеризира нивниот дом како место за живеење што ги поместува границите.

„Во тоа време бев бремена. Канје имаше куќа во Лос Анџелес, а јас на Беверли Хилс. Ниту една од нив не беше семејна. Шетавме еден ден и му реков дека ми се допаѓа оваа куќа и овој имот. И нему му се допадна куќата, што беше многу значајно бидејќи нему, всушност, ништо не му се допаѓа“, рече Ким, пренесува „Кликс“.

Вилата има и два базена, во кои двојката вложила 50.000 долари. Ким признала дека никогаш не се капела во овие базени. Она што е интересно е дека целата куќа е во бела боја, но и дека има малку мебел.

Треба да знаете
Последни објави