Лагард: Коронавирусот ја зголемува неизвесноста на економскиот раст

Претседателката на Европската централната банка (ЕЦБ), Кристин Лагард оцени дека ширењето на коронавирусот носи „нова доза на неизвесност” на економскиот раст.

Лагард истакна дека заканата од трговска војна меѓу САД и Кина губи на интензитет, но коронавирусот додава нова неизвесност.

Поранешната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакна дека ЕЦБ сака да ги задржи каматните стапки на ниско ниво и да продолжи со купување средства на пазарот што е ефикасен автоматски стабилизатор за поддршка на еврозоната.

Претседателот на Федерални резерви на САД, Џерoм Пауел изјави дека ја следи ситуацијата на епидемијата.

– Очигледно е дека ќе има краткорочни последици врз производството во Кина, посочи Паул, додавајќи оти коронавирусот ќе влијае и врз други економии.
Досега од коронавирусот починаа околу 500 луѓе, а заразени се повеќе од 24.000 во Кина.

Треба да знаете
Последни објави