Црногорскиот премиер Душко Марковиќ синоќа на седница на Општинскиот одбор на Демократската партија на социјалистите во Будва кажа дека ќе го прифати дијалогот со црквата за Законот за слобода на вероисповедта .
-Ќе го прифатиме дијалогот со црквата, иако знаеме што стои зад сцената, бидејќи сакаме подобро да се разбереме, да ги приближиме ставовите и побараме решение заради доброто на Црна Гора и нејзините граѓани”, рече Марковиќ, кој е и замнеик претседател на ДПС, соопшти партијата.
Марковиќ кажа дека „денеска во Црна Гора на служба се и шетаат најмалку 600 свештеници, а Митрополијата на државата и има пријавено само дваесетина, за кои веќе со децении не плаќа даноци што по закон се должни да ги плаќаат сите други”.
-Ние, оваа власт, која ја проколнаа, на нивно барање им овозможивме, црковните имоти што им ги подариле и ветиле вашите семејства, да ги претворат во бизнис зони. Во оделни населби со по 50.000 квадрати во објекти за хотели, вили, туризам, трговија и шопинг центри. Па кој всушност ја извршил пренамената на црковниот имот- власта или црквата”, наведе Марковиќ.
Тој додаде дека „не би дозволил било кој закон, па ни овој, да ги судри граѓаните на Црна Гора едни со други.
-Но, овде не е проблем Законот за слобода на вероисповедта, тој е само повод да се обиде да се урне Црна Гора”, рече тој.
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије соопшти дека тие се подготвени да разговараат со премиерот Душко Марковиќ со цел, во согласност со правниот поредокј на Црна Гора, да се отстрани Законот за слобода да вероисповедта или сите дискриоманторкси одредби во него.