Голем број Австралијанци, кои се опоравуваат од пожарите, сега се борат со поплави, а Заводот за метеорологија издаде предупредување од силни грмотевици и поплави за над 20 области во Нов Јужен Велс, откако почнаа поројни дождови кои се очекува да траат неколку денови.
Хуманитарниот натпревар во крикет, кој требаше да се одигра во Сиднеј поради собирање средства за гаснење на пожарите, е одложен поради дождот.
Во пожарите кои избија во септември минатата година досега загинаа 33 луѓе, угинаа околу еден милион домашни животни и уништени се повеќе од 2.500 домови. Се очекува Австралија да ја зафатат нови пожари.