Бројот на загинати во лавините што ја погодија источна Турција е зголемен на 41, а екипите за спасување продолжуваат да ја пребаруваат областа во потрага по исчезнатите со помош на кучиња трагачи.
Пет лица загинаа во лавина во вторникот навечер. Потоа, околу 300 припадници на Службата за вонредни ситуации биле повикани да излезат на терен, во близина на градот Бечесехир, кој опкружен со планини и сместен во провинцијата Ван, која граничи со Иран. Но вчера тие беа погодени од друга лавина, која усмрти голем спасувачи.
Во лавините повредени се 84 луѓе.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коча изјави дека 47 лица и натаму се во болница, од кои шестмина на интензивна нега. Никој не е во критична состојба.