СДСМ вистински се грижи за младите, младинските политики ја иницираат иновативноста и обезбедуваат финансиска поддршка

СДСМ е одговорна партија која има слух за младите и преку своите мерки и политики го поттикнува личниот, социјалниот и професионален развој на младите и го унапредува младинскиот стандард.
Во таа насока се мерките на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со инструменти, наменети за младите, кои ја поттикнуваат иновативноста и ја обезбедуваат неопходната финансиска поддршка.
Како дел од тие мерки се кофинансираните грантови за новоосновани старт ап и спин офф компании, при што Фондот покрива до 85% од вредноста на проектот, а досега се финансирани над 100 старт ап компании со вкупно 2,5 милиони евра.
Тука е вклучено и кофинансирањето на  деловно-технолошки акцелератори, кои  обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување, менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции.
Фондот досега инвестираше 1,5 милиони евра во три акцелератори и тоа УКИМ Акцелератор, Сивус и Х Фактор акцелераторот од Велес.

Покрај овие мерки, Фондот за иновации и технолошки развој го има и предизвикот за млади истражувачи, а досега за истражувачки проекти од природните и техничките науки се доделении 10,2 милиони денари на 32 основни и 22 средни училишта низ целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и нивните потреби и со криминалните политики го поттикнуваше иселувањето на младите од државата.

СДСМ продолжува да се залага за младите преку обезбедување на стабилност, добро платени работни места, сигурна и јасна визија за иднината дома во својата држава. Затоа младите на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави