Сириската армија денеска влезе во стратешки важниот град Саракеб, провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, јавија сириските државни медиуми.
Сириската армија почна да зазема поединечни квартови на Саракеб.
Акцијата за заземање на Саракеб е во рамките на кампањата предводена од Русија, што почна во декември во Идлиб, со намера да се освои последното упориште на бунтовниците.
Сириската армија вчера зазеде позиции околу стратешки град Саракиб, што се наоѓа на патот Алепо – Дамаск и Алепо – Лактија, додека милитантите побегнаа на север, во правец на Идлиб.