Сити и Сане го одложија стартот на преговорите за нов договор

Екипата на Манчестер Сити ќе мора да почека до април пред да може да започнат преговори со крилото Лерој Сане за да се обнови договорот на играчот.

Сане се уште се опоравува од тешката повреда на коленото што ја доби во претсезонските подготовки на „небесносините” .

Сепак, тоа нема да се случи пред април. Причината за ова е што Сане неодамна ја замени агенцијата што го претставува со давање на 3-месечно известување на неговите поранешни претставници, информирајќи ги за неговите намери.

Ова ќе ги одложи намерите на колосот од Манчестер, бидејќи новите агенти на тимот ќе започнат со работа едвај по крајот на овој 3-месечниот период. Интерес за него не недостасува, а главен фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави