Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити будно ја следи разврската околу кавгата која ја имаат капитенот Лионел меси и раковдството на шпанскиоот првак Барселона, објави „ЕСПН” повикувајќи се на свои извори. Англискиот клуб е уверен дека, ако 32-годишен Аргентинец реши да ја напушти Барселона, Манчестер сити ќе биде приоритетна опција за него.
Договорот на Меси има опција што му овозможува да ја напушти Барселона бесплатно на крајот на сезоната.
Манчестер сити верува дека одличните односи на Меси со тренерот на тимот Пеп Гвардиола под чие водство со Барселона, три пати го освои шпанскиот шампионат и двапати ја освои Лигата на шампионите за четири години, можат да бидат пресудни, Аргентинецот да ги засили „граѓаните”
Покрај тоа, се верува дека Сити е единствениот клуб кој може да му плати на Меси плата од 50 милиони фунти годишно.
Меси вчера имаше вербален судир со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, по неговите зборови дека играчите не се залагале доволно под водство на поранешниот тренер Ернесто Валверде.