-Овој патен правец Крива Паланка – Деве Баир кој е дел од значајниот Паневропски коридор 8 само го потврдува партнерството на ЕУ и нејзините финансиски институции со Република Северна Македонија со што се потврдува дека евроспката интеграција на РС Македонија и на Западен Балкан е препознаена како геостратешка позиција за стабилна, силна и обединета Европа базирана на зеднички вредности и стандарди. Ваквите признанија доаѓаат и од постигнатите резултати на РС Македонија и претставуваат силна движечка сила за интензивирање на реформските напори во насока на градење вистинско европско, демократско општество во земја која до пред три години континуирано паѓаше од криза во криза, рече Спасовски.
Според него, со остварените резултати за само две и пол години, следувале и признанијата.
-Признание е членство во НАТО, а прашање на денови е и отпочнувањето преговори со ЕУ за да влеземе во последна фаза до членство во Унијата. Отворањето на портите на НАТО и ЕУ за полноправно членство во сојузите со стратешки партнери беше поткрепено и со решавањето на соседските прашања кои претходните политички гарнитури не ризикуваа да ги преземат. Во начинот на кој ги решивме отворените прашања со Грција и Бугарија меѓународната заедница препозна модел за решавање и на најсложените политички прашања во овој регион, додаде Спасовски.
Како што рече, РС Македонија реши да се определи да ја интензивира и регионалната соработка со сите нејзини инструменти.
-Сосема е јасно дека поврзување на регионот е предуслов за поврзување со ЕУ од која дојде и политичката и финансиска подршка за инклузивните структури и иницијативи во целиот регион кои со овој настан се потврдуваат како реални. Нам ни останува со континуираните реформи и целосна посветеност на нашите европска и евро-атланска агенда да ги утврдиме нашите партнери од ЕУ дека подршката што ни ја даваат нема да биде изневерена. Сакам да искажам благодарност и до евроамбасадорот Жбогар за целосната поддршка што ни ја дава за реализација на сите проекти и да ни помогне во нашето обебедување европски перспективи. Благодарност до сите со кои успеавме, на чело со Владата на РС Македонија, да направиме еден чекор напред кон подобрување на условите за живот и развој на Крива Паланка, Куманово и целиот регион, порача Спасовски.
Реконструкцијата и рехабилитација на патот од Крива Паланка до Деве Баир ќе се реализира со средства во висина од 12,5 милиони евра, обебедени од ЕБОР, Европска унија и ЈП Државни патишта.и