Страшевски: Најмалку 13 причини поради кои доказите за ТНТ од почеток треба да бидат презентирани

Адвокатот Јовица Стршевски, бранител  во случајот ТНТ на обвинетиот екс-градоначелник на Гази Баба, Тони Трајковски сосоопштение ја информира јавноста за причините поради кои бараат сите докази детално да бидат презентирани на повторното судење, кое денеска почна пак, по пауза од неколку недели откако Трајковски доби боледување“ од судот.

Соопшението е интегрално:

ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ОДБРАНАТА БАРА СИТЕ ДОКАЗИ ДЕТАЛНО ОД ПОЧЕТОК ДА БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ И ИЗВЕДЕНИ КАКО И СИТЕ ПРЕДЛОЖЕНИ СВЕДОЦИ ДА БИДАТ ПОВТРОНО ПОВИКАНИ ДА ОДОГОВОРАТ НА ПОСТАВЕНИ ПРАШАЊА.

 

 

  1. Обвинителниот акт е потпишан и е процесуиран а исто така и сите дејсствија за собирање на доказите се направени со наредба на од поранешната обвинителка Катица Јанева која во моментов е обвинета и во тек е судсска постапка за случајот рекет против најзе каде очигледно се работи за изнудување на финансиски средства по разни основи и работење спротивно на законските регулативи. Исто така соглассно Решението на Советот на јавни обвинители Катица Јанева е разрешена поради НЕЗАКОНСКО, НЕСТРУЧНО И НЕСОВЕССНО нејзино постапување (Службен весник бр.194 од 23 Септември 2019г).

Бидејќи еден од основите за разрешување на обвинителката Катица Јанева е НЕЗАКОНСКОТО нејзино постапување ова отвара сомнеж кај одбраната за валидноста и правната издржаност на оваа постапка против обвинетите во предметот ТНТ. Имајќи ја во предвид новонастанатата ситуација односно поднесените обвиненија од страна на Јавното обвинителство против Катица Јанева за случајот Рекет  како  и поднесеното обвинение против Меѓународниот сојуз каде има поврзаноста и еден од клучните сведоци е лицето Ардијан Амзоски кое на Mеѓународниот сојуз има уплатено 233.821 евра за непостоечки проект а истовремено од јавно објавените докази очигледна е блискоста и заедничкото координирање на лицата Катица Јанева и Бојан Јовановски, одбраната предложи Катица Јанева и Ардијан Амзоски да бидат сослушани на главна расправа во насока на утврдување на фактите, аргументите и доказите за причините кои довеле до тоа Обвинителниот акт Х КО5 бр.1110/11  од кој што бил процесуиран од страна на ОЈО а примен во судот на 06.04.2017 год. за Бесправно градење против Ардијан Амзоски и ТД Фине да биде повлечен од Кривичниот суд Скопје а истовремено Ардијан Амзоски врши уплата на финансиски средства на невладината организација Меѓународен сојуз.

Одбраната смета дека во ситуација кога јвно се обзнануваат сведочења од јавни обвинители ( Лиле Стефанова, Бурим Рустеми) каде очигледно е дека Катица Јанева работела Незаконски и со вршење на рекет дел од истражните постапки ги стопирала, затварала или преземала дејствија во насока на намалување на казни постои голема веројатност и во случајот со фирмата Дрим Билдинг и лицето Ардијан Амзоски токму уплатата од 233.824 евро за непостоечки проект да биде во насока на повлекување на обвинителниот акт против него.

 

  1. Обвинителниот акт е доставен на ден 29.06.2017 год. односно по истекот на 18 месеци кои се пропишани согласно член 22 од законот за СЈО.

 

Дека тоа е така ги доставуваме следниве докази и аргумеенти:

 

  • Обвинителот Бурим Рустеми на ден 23.08.2019 година за порталот ,,Сакам да кажам,, изјавува :

,,Надлежност на предметот од ОЈО во СЈО беше преземена на 12 ноември 2015, истрагата ‘ТНТ’ е отворена на 16 април 2016, а обвинението беше поднесено на 29 јуни 2017, пред истекот на рокот од 18 месеци што го имаше СЈО за поднесување обвиненија.”

Иако обвинителот тврди дека бил запазен рокот за поднесување на обвинителниот акт сепак за конкретниов предмет ТНТ кој претходно се водел пред ОЈО и од ОЈО е превземен а не од политичката партија СДСМ, сепак факт е дека биле изминати 18 месеци во кој рок можело СЈО да покрене обвинителен акт. Односно самиот обвинител потврдува  дека на 12 ноември 2015 год СЈО воспоставува надлежност над предметот за објектот Космос кој претходно се води во ОЈО ( истовремено ова е доказ дека за да воспостви надлежност СЈО морале основот да го докажат  врз основа на прибавени материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите односно морале прибавените аудио снимки и смс пораки да ги поседуваат) а бидјќи обвинителниот акт е поднесен на 29.06. 2017 година значи бил поднесен после 18 месеци.

  • Oд страна на СЈО до Судија на пртходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје доставиле доказ Решение А бр. 108/5-21 од 09.12.2015 год. со кое потврдуваат на кој ден била воспоставена стварна надлежност над предметот РО бр.538/15 што бил оформен во Основното јавно обвинителство Скопје по поднесена кривична пријава од политичката партија СДСМ бр.03-80 од 03.03.2015 год. Тоа е евидентно од Решенијата кои ги донел Судијата на претходна постапка  III КОКПП бр.142/16- 1 од 23.05.2016 год ( страна 2) каде стои дека на ден 27.04.2016 год до судијата на претходна постапка доставено е  известување НКС-КО бр.21/15 од 27.04.2016 год. и во прилог СЈО го доставиле Решение- А бр. 108/5-21 од 12.2015 год. исто така ова решение е доставено од страна на СЈО и е цитирано на страна 2 во  Решението III КОКПП бр.208/16-3 од 10.06.2016 год.

Ова е доказ дека прво обвинителот Бурим Рустеми не ја говорел вистината во однос на датумот на воспоставување на надлежност над предметот за објектот Космос а второ со Решението А бр.108/5-21 од 09.12.2015 год. самото СЈО потврдува дека крајниот рок од 18 месеци за доставување на обвинителниот акт е 09.06.2017 год. односно денот кога е поднесен обвинителниот акт 29.06.2017 год. е по истекот на 18 месеци согласно законот за СЈО.

  • Во првиот извештај за работата на СЈО за периодот 15.09.2015 до 15.03.2016 год. ( кој јавно е достапен на web страната на СЈО ) на страна седум стои цитираме” …. почнувајќи од 12.2015 год., во законскиот рок од осум дена од приемот на предметите донесов одлуки за надлежноста.” И со ова се потрвдува дека поднесувањето на обвинителниот акт е по истекот на 18 месеци односно спротивно на законот за СЈО.

 

Доказ дека неможе да се поднесе обвинителен акт по истекот на 18 месеци од страна на СЈО  е и начелното правно мислење на Врховниот суд од 30.01.2019 година. Бидејќи начелното правно мислење на Врховниот суд е во период додека траеше главната распра одбаранат смета дека со повторното отпочнување на постапката и прибавување на документот кој не беше досега доставен од страна на СЈО до судот и до одбраната а со кој се докажува кога е воспоставена надлежноста на СЈО врз овој предмет односно  Решение  А бр.108/5-21 од 09.12.2015 год. судот може ВЕДНАШ да констатира дека обвинителниот акт е доставен по истекот на 18 месеци и спротивно на законот за СЈО.

 

 

  1. Незаконски повлечен Обвинителен акт кој бил прифатен и процесуиран од Основниот суд Скопје 1 против Ардијан Амзоски и ТД Фине.

На ден 20.10.2017 г. Од страна на СЈО донесено е решение бр. А бр. 178/17 за воспоставување на сварна надлежност врз предметот Х КО5 бр.1110/11 односно за кривичното дело Бесправно градење против лицето Ардијан Амзоски и фирмата ТД Фине, и од тој момент обвинителката Катица Јанева и нејзиниот помошник јавен обвинител Бурим Рустеми се идентификувани како обвинители кои го застапуваат овој предмет пред судот а тоа се докажува и со доставениот Поднесок кој го изготвиле и го доставиле до судот на ден 20.10.2017 г со кој сега како овластени застапници се откажуваат од обвинителниот акт.

На рочиштето од 23.09.2019 год. во овој предмет- имаме контрадикторна ситуација односно Обвинителството кое поднело Обвинителен акт против лицето Ардијан Амзоски и ТДУТ Фине за сторено кривично дело Бесправно градење , овластило обвинител кој веќе претходно во друго обвинителство/СЈО/ постапил спротивно на заклучокот на колегите обвинители од ОЈО.

Имајќи ја во предвид одредбата од член 57 став 11 со поднасловот во ЗКП  “Права на оштетениот” истата била прекршена од страна на обвинителката Катица Јанева и нејзиниот ополномоштен обвинител Бурим Рустеми односно обвинетите  не биле известени во својство на оштетни за повлекување на обвинителниот акт а со тоа било ускратено и загарантираното законско право согласно член 57 став 12 од ЗКП,и истовремено на обвинетите е ускратено   законското право да вложување на  жалба до повисокиот јавен обвинител против одлуката на јавниот обвинител со која тој се откажува од кривичното гонење.

Нeпрофесионалнoста и пристрасноста на застапникот на обвинението Бурим Рустеми одбраната  ја гледа и во следното-

-Тој повлекол обвинение против ТД Фине и Адријан Амзоски покренато од истото обвинителство кое сега го застапува ,за кривично дело-Бесправно градење на истиот објект т.н. Космос,кое обвинение веќе ги имало поминато сите фази на јавнообвинителска одлука ,но и прифатено и одобрено од судот и во фаза на закажување на главна расправа.

-Тој при тоа по силата на службената положба и овластувањата кои ги имал во СЈО –бил во тесна корелација и соработка со сега обвинетата  обвинителка на СЈО Катица Јанева и според јавно достапните информации од медиумите при сведочењето на обвинителот Бурим Рустеми во случаевите за кои е обвинета Катица Јанева ( посебно сведочењето на ден 28.01.2020 год) тој потврдува дека постапувал Незаконски на барање на Катица Јанева што отвара сомнеж и за неговото постапување во конкретниов предмет кој се води за сличајот Космос.

За сериозните  сомневања на одбраната  во непристрасноста на застапникот на обвинението Бурим Рустеми како најблизок соработник на осомничената обвинителка на СЈО Катица Јанева во овие два предмети за исти настани односно повлекување на обвинителниот акт против Ардијан Амзоски и поднесување на обвинителен акт против сега обвинетите во предметот ТНТ обвинетитот Тони Трајковски согласно член 33 став 1 точка 4 и  став 2 од ЗКП прво до судијата Огнен Ставрев а бидејќи тој одлучи дека нема кој да постапува за ова барање за Изземање( образложението беше тоа што поранешната обвинителка Катица Јанева била во притвор и несмеела да одлучува иако подоцна сите видовме дека за префрлање на предметите од СЈО во ОЈО, Катица Јанева од ПРИТВОР носела одлуки) и поради ваквата одлука од судијата подоцна повторно обвинетиот Тони Трајковски поднесе барање  до ОЈО Куманово како обвинителство во кое е вработен обвинителот Бурим Рустеми за негово изземање  со доставување на докази за силни индиции за негова лична пристрасност и наклонетост кон наводните оштетени што се докажува со неговото досегашно постапување во овие два предмета,понапред изнесено,поради што најсериозно е доведена во прашање довербата на обвинетите но и на најшироката јавност во се она што се превзема  од него во оваа постапка за кое до ден денеска обвинетиот Тони Трајковски НЕМА донбиено писмен одговор за што сметаме дека при повторување на доказите и при презентирање од страна на одбраната на новите докази кои во меѓувреме произлегоа од исказите дадени при сведочењето на обвинителот Бурим Рустеми на ден 29.01.2020 год цитираме “ Се работеше за голем имот, па тој стан немаше голема улога. После неколку месеци разговарајќи со колешката Лиле Стефанова таа знаеше за станот и по нејзините проверки дознала дека можно е сопственик на станот да е Сашо Василевски екс директорот на МЕПСО и член на Советот на јавни обвинители. Таа информација не ми беше ПРИЈАТНА“ односно во конкретниов случај самиот обвинител ПОТВРДУВА дека во моментот кога дознал кршење на законска постапка наместо тоа да го процесуира и согласно законот тој веднаш требало да преземе соодветни дејствија тој тоа очигледно не го сторил односно постои законски основ за изземање на застапникот на обвиението Бурим Рустеми.

 

  1. Од страна на судечкиот совет од неразбирливи и неосновани причини за одбраната беше дозволено на сите судски рочишта да бидат присутни лицата Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски кои во овој случај се водат како оштетени лица. Бидејќи прво обввинителството а потоа и одбраната побараа овие две лица како КЛУЧНИ сведоци да сведочат и да одоговaрaат на поставени прашања се со цел да се дознае вистината за објектот Космос од страна на судечкиот совет беше донесена одлука ( видно од Записникот од главната расправа одржана на ден 16.01.2019 год. страна 6) цитираме” Претседателот на советот ги извести присутните дека со оглед да оштетениот Фијат Цаноски беше присутен на главните расправи во повеќе наврати, истиот нема да биде испитан во својство на сведок, туку ќе биде само во својство на оштетен. Истото се однесува и за претставникот Ардијан Амзоски

Исто така кај одбраната има сомнеж дека при присуството на лицата Ардијан Амзоски и Фијат Цаноски  посебно на рочиштата каде беа испрашувани сведоци кои биле во минатото ангажирани од страна на овие две лица директно ( со вербални дофрлувања во судницата) за кои и самиот претседател на судот ги има опоменувано како и индиректно со самото нивно присуство одбраната почуствува дека сведоците со страв и со искажување на невистини ги даваа дел од своите одговори. Тука посебно го посочуваме сведочењето на одговорниот надзорен инженер Ката Дракуловска при давањето на еден од своите одоговори во судот на ден 15.05.2019 год  самата посочи дека не знае или не се сеќава и даваше предлог ( страна 19 од записникот ) цитираме”…. Тоа ќе си го прашате проектантот и инвеститорот, јас за тоа не сум информирана…..” исто така во еден наврат при двање на одоговор надзорниот инженер се почуствува дека дава контрадикторни оддговори кажувајќи и самата “да не се навреди инвеститорот”. Бидејќи согласно законот за градење член 36 точно е дефинирано дека еден од клучните лица при изградбата на објектот Космсс е надзорнииот инженер а во конкретниов случај тоа е лицето Ката Дракуловска и точно е опишано дека таа како надзорен инженер е ДОЛЖНА во детали да ја следи изградбата и за истато да изготвува извештај кој треба да го достави до Општината ( член , сепак при сведочењето  во судот очигледно од притисокот кој го имашее со самото пприсуство на лицата Адијан Амзоски и Фијат Цаноски надзорниот инженеер Ката Дракуловска на голм ддел од прашањата даде одговор дека не знае, не сум информирана или не се ссеќавам иако за слични прашања даваше многу прецизни одоговори. Ова говори дека таа како едно од најодговорните лица прво при повторно сведочење со давање на лична заклетва пред судот дека ќе ја говори вистината и со неприсуствување на лицата Ардијан Амзоски и Фијат Цаноски одбраната смета дека ќе се добијат одговори за кои очигледно при првото сведочење намерно беа премолчени.

 

  1. Еден од клучните докази кои ги приложува обвинителството против обвинетите е Вештачењето кое е изготвено од лицето Мирослав Грчев од февруари 2016 година. Според одбраната постои оправдан сомнеж и во конкретниов случај поранешната обвинителка Катица Јанева НЕЗАКОНСКИ постапила иако знаела дека Архитектонскиот факултет не ги исполнува условите согласно Законот за вештачење член 5 став 1 кој прецизира кој може да врши вештачење односно цитираме “ Високообразовна установа, научна установа и стручна установа врз основа на овластување утврдени со закон доколку имаат вработено најмалку две лица со лиценца за вештачење “. Имено според доказите со кои располага одбраната (докази се обезбедени во текот додека траеше главната расправа) Архитектонскиот факултет Скопје НЕМА вработено две лица кои имаат лиценца за вештачење односно нема правен основ соглассно законот за вештачење да изготвува Вешти наоди. Исто така спротивно на Обвинителниот акт и кривичните дела кои се препишуваат на обвинетите, поранешната обвинителка Катица Јанева, Незаконски постапила кога ја изготвила Наредбата за вештачење од 29.01.2016 година и ја доставила до Архитектонскиот факултет ( архивирана на фукултетот на ден 01.02.2016 год.) и побарала факултетот да овласти вешто лице од областа на урбанизмот иако обвинетите се теретат за дела сторени во фазата на градење а не во фазата на урбанизмот за објектот Космос.Поранешната обвинителка Незаконски постапила кога побарала вештото лице од областа на урбанизмот при вештачењето да примени Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање Сл. весник на РМ 142 од 24.10.2010 година, иако знаеела дека според урбанистичката документација односно Деталниот план, Архитектонско урбанистичкиот проект, одобрениот Основен проект овој правилник НЕ СЕ ПРИМЕНУВА бидејќи во периодот кога овие документи биле одобрени овој Павилник не постоел а и во самата документација точно е утврдено по кој правилник тие можат да се применуваат односно тоа се правилниците Сл. весник на РМ 78/06, 140/07,12/09,и 93/09. Сметаме дека при повторното презентирање на овој доказ од страна на обвинителството одбраната има докази и аргументи кои се обезбедени додека траеше главната расправа и истите ќе ги приложи во правец на отфрлање на овој доказ како релевантен за судот.

На ден 27.05.2016 год. од страна на Општина Гази Баба поднесена е Кривична пријава против Мирослав Грчев за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353, давање на лажен исказ по член 367, фалсификување исправа по член 378 од ЗКП.Истиот во месец јуни 2016 год.е повикан во ОЈО да даде исказ. И покрај овие сознанија што ги имале во СЈО тие повторно го ангажираат Грчев за вештачење.

 

  1. Бидејќи со замената на две судии-поротници претседателот на кривичниот суд Скопје именуваше две нови судии-поротници и еден заменик судија поротник одбраната смета дека во конкретниов случај се работи за предмет кој содржи голем број на стручни термини, докази, документи, вештачења, технички наоди, мислења и сл. за кои сметаме дека новите судии-поротници прво имаат потреба од подолг временски период да направат анализа на обемниот доказен материјал (околу 20000 страници) и со исказите кои ќе бидат презентирани од стручните лица и сведоците детално ќе можат да се запознат со стучната материја од областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото, машинството, геодезијата, геомеханиката, јавните набавки и сл. во насока на правилно носење на судската одлука. Одбраната смета дека само со пролистување и читање на доказниот материја не е возможно нестручно лице тоа да го разбере без тоа да биде објаснето од стручно лице а посебно во делот на скиците , ажурираните геодетски подлоги, градежните линии, извештаите од геодетските мерења, протоколот, изводот од деталниот план, котите и координатите на цртежите, сообраќајниот план и нивелациски план, паркирањето, профилот на улици, инфраструктурниот план,синтезниот план, кофражните планови, статиката и сеизмиката, план за површина за градење, регулационен план, архитектонско урбанистички проект, локациски услови, идеен проект, основен проект со прикажани пресеци и други приложени докази за кои очигледно е дека прво е потребен временски период да се погледнат и стручно да ссе објаснат а кои се основата за овој судски предмет .
  2. Одбраната смета дека досега во постапката е прекршен членот 386 став 2 од ЗКП кој е јасен и дециден дека  сведокот пред испитување полага ЗАКЛЕТВА со точно утврден текст. Бидејќи во претходната судска постапка НИЕДЕН  сведок не положи заклетва одбраната смета дека се прекршува овој член од законот а посебно нагласуваме дека со неполагање на заклевтва очигледдно беше дека некои од сведоците кои беа предлижени од страна на обвинителството не ја говореа вистината  а имаше и сситуации каде за еден исто прашање ист сведок при расспитот од страна на јавниот обвинител даде еден одговор а при распитот од страна на одбраната даде друг одговор. Исто така како одбрана сакаме да укажеме дека и водените прибелешки насловени како Записник не соодветствуваат со тонско визуелниот запис од ЦД-ето посебно во делот кај сите сведоци во тонско визуелното снимање очигледно е дека ниеден сведок не даде заклетва а во записниците секаде кај сведоците пишува дека имаат дадено заклетва и е цитиран текст од заклетвата.
  3. Одбраната смета дека досега во постапката е прекршен членот 387 став 2 од ЗКП кој е јасен и дециден дека  Вештакот пред испитување полага ЗАКЛЕТВА со точно утврден текст. Бидејќи во претходната судска постапка НИЕДНО вешто лице не положи заклетва одбраната смета дека се прекршува овој член од законот а посебно нагласуваме дека со неполагање на заклевтва очигледно беше дека некои од вештите лица кои беа предложени од страна на обвинителството доколку се спореди со законската регулатива не ја говореа вистината. Очигледен пример се одговорите на одговорниот Надзорен инженер Ката Дракуловска која самата при давање на одговорите контрадикторно и различно за исто прашање одговараше како и одговорите на одговорниот инженер на градилиште Ќанија Ајдиновски кој даваше одговор спротивно на писмените докази кои се доставени до судот .  Исто така како одбрана сакаме да укажеме дека и водените прибелешки насловени како Записник не соодветствуваат со тонско визуелниот запис од ЦД-ето посебно во делот кај сите сведоци во тонско визуелното снимање очигледно е дека ниеден сведок не даде заклетва а во записниците секаде кај сведоците пишува дека имаат дадено заклетва и е цитиран текст од заклетвата.
  4. Бидејќи при префрлање на предметот ТНТ од СЈО во ОЈО одбраната побара со поднесок да се достави на увид документацијата врз основа на која е извршено ова префрлање на предметот и да се види законскиот основ и кој е потписник на документацијата досега од страна на сегашниот застапник на Обвинителниот акт Бурим Рустеми таков документ до судот и до одбраната не е доставен. Во насока остварување на законските права на обвинеите за подготовка на одбрана и доставување на докази, сведоци, стручни милења и сл. сметаме дека судот ќе побара и ќе го задолжи при отпочнување од почеток и повторно изведување на доказите од страна на јавното обвинителсство истиот овој доказ со кој се докажува НАДЛЕЖНОСТА на ОЈО да постапува ( во усолови кога постои закон за СЈО) да го достави и јавно  презентира.
  5. Еден од клучните докази на кој се повикува обвинителството е назконско прислушкуваните разговори а имајќи ги во предвид фактот дека постои Закон за заштита на приватноста објавен во Сл.весник на РМ бр.196 од 11.10.2015 год и истиот влегува во сила ссо денот на објавување во службениот весник каде во член 2 точно е прецизирано дека “Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникациите е ДОЛЖЕН во РОК ОД 20 ДЕНА од влегување на овој закон во сила да ги предаде материјалите до надлежен јавен обвинител согласно со закон ” истовремено имајќи го во предвид член 1СТАВ 3 од овој закон кој пропишува дека по истекот на 20 дена се забранува ПОСЕДУВАЊЕ, ОБРАБОТКА, ЈАВНО ОБЈАВУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации извршени во периодот 2008 до 2015вклучувајчи нивно користење и располагање. Согласно Законот за заштита приватност крајниот рок за доставување на материјалите бил 30.10.2015 год. односно по истекот на овој датум овие незаконско прибрани материјали НЕМОЖЕЛЕ И НЕСМЕЕЛЕ да бидат користени во ниедна постапка. Од страна на медиумите јавно се обзнани а тоа се гледа и од следната web страна на партијата СДСМ – http://www.sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=433&lng=1&cat=0  дека партијата СДСМ на ден 30.12.2015 год ги има доставено материјалите до СЈО односно  еден месец по истекот на законски пропишаниот рок.

Сметаме дека при повторно презентирање на овие докази од страна на застапникот на обвинителниот акт Судот на барање на одбраната ќе донесе решение овие докази да неможат да бидат дел од доказниот материјал бидејќи се спротивни на Законот за заштита на приватност.

Исто така согласно член 93 од ЗКП од страна на судијата за претходна постапка на Основен Суд Скопје 1  донесено   е Rешение  под I КПП бр 625/15-6 за доставените материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите  истите потребно е  од списите да се  одвојат, ковертираат и предадат на чување на судија на претходна постапа,

 

 

  1. Досега одбраната нема добиено одговор од судот за доставените поднесоци за одредени документи кои се важни за одбраната во делот на подготвување на квалитетна одбрана и ангажирање на соодветни сведоци и стручни лица. Во прилог ги набројуваме:
  • Поднесок доставен на 11.06.2018 година со барање за доставување на Записник од примопредавање на аудио материјали помеѓу СДСМ и СЈО кои наводно им биле доставени на 31.12.2015 година.
  • Приговор на доставениот документ доставен на 29.03.2019 година од обвинетиот Тони Трајковски насловен како Објект Космос Скопје, Македонија – Техничка и длабинска анализа кој беше доставен на рочиштето на 21.03.2019 година
  • Поднесок од 10.10.2018 година за достава на Контролен записник за извршен инспекциски надзор од страна на Општина Гази Баба под УП.1 бр. 34/155 од 05.06.2018 година
  • Барање од 17.04.2019 година за увид во ЦД кое се наоѓа во списите на предметот за потребите на вешто лице Мирослав Котевски
  • Поднесок од 20.03.2019 година со кој е барано од судот да ни достави копие од обвинителен акт покренат против ТД Фине ДОО Струга и Адријан Амзоски под К.Бр 1321/17 и сите списи по кои СЈО постапило под истите пред се Наредба за запирање на постапка (побарано и со поднесок 26.06.2019 година)
  • Поднесок од 19.06.2019 година за копија од списите на предметот правосилно окончан пред КС на судот КС бр. 127/15 по правосилна одлука 04.11.2015 година
  • Поднесок од 19.06.2019 година што преставува ургенција да се достави Копија од контролниот записник УП 1 бр. 34/155 од 06.06.2018 година и барање од судот да се обезбеди судскиот правосилно окончан предмет пред ОС Скопје 2 ТС бр 119/2 од 15.03.2013 година која пресуда е доставена од старна на одбраната до судот.
  1. Исто Основно јавно обвинителсто застапува два Обвинителни акта кои едниот со другиот се КОНСТРАДИКТОРНИ.

Односно претходно од страна на ТД Фине застапувано од лицето Ардијан Амзоски против инспекторката Елисавета Најдовска имаше поднесено Кривична пријава до ОЈО за незаконско постапување односно за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 в.в. став 1 од КЗ и за истото од страна на подносителот ТД Фине а потпишано од Директорот Ардијан Амзоски до Општината е доставен допис  бр. 0252-03/11 од 28.07.2011 г кој е архивиран во Општина Гази Баба под бр. 34-155 од 28.07.2011г со прилог Кривичната пријава.

Подоцна на 05.08.2011 год. од страна на Општина Гази Баба и потпишано од овласстената градежна инспекторка Елисавета Најдовска до ОЈО (примена на 05.08.2011год.) доставена е Кривична пријава за Бесправно градење на лицето Ардијан Амзоски и фирмата ТД Фине.

Очигледно е дека Основното  Јавно обвинителство имајќи ги  во предвид двете поднесени Кривични пријави  на ден 06.04.2017 год. ОДЛУЧИЛО да достави Обвинителен акт против Ардијан Амзоски и ТД Фине за сторено кривично дело Бесправно градење согласно член 244 а став 5 в.в став3 в.в став 2 од КЗ односно ја отфрлил Кривичната пријава  против инспекторката Елисавета Најдовска.

Во сегашната ситуација  имаме НЕСВАТЛИВО КОНТРАДИКТОРНА ситуација од страна на истотот  Основно јавно обвинителство односно по  преземањето на  предметите од СЈО сега застапуваат Обвинителен акт во предметот пред овој суд 53/17  и кој е спротивен на Обвинителниот акт кој тие го предложиле и кој бил прифатен и одобрен од страна на истиот овој Кривичен суд  и за кој биле закажани судски рочишта против лицето  Ардијан Амзоски и Фијат Цаноски.

  1. На ден 25.08.2019 год од страна на Тони Трајковски до судот беше доставено барање за Изземање на Катица Јанева согласно член 33 ст.1 т.4 од ЗКП односно согласно член 36 став 3 од ЗКП значи дека Веднаш постапката во судот се прекинува додека не се одлучи за Изземањето, спротивно на ова судијата Огнен Ставрев донесе Решение да продолжи главната расправа.
  2. ……
  3. …….
  4. ……

 

Треба да знаете
Последни објави