Тетовската полиција поднесе кривични пријави против шестмина тетовци на возраст од 18 до 22 години кои демолирале музичко студио во овој град и ги нападнале неговите сопственици.
Како што информираат од МВР, на 26 ноември минатата година три лица од оваа група извршиле тешка кражба во студиото, при што го оштетиле и целокупниот инвентар. Истиот ден, додека вечерта се вршел увид, пријавените се обиделе да ги нападнат сопствениците на музичкото студио.
Шестмината се товарат дека сториле кривично дело насилство, а тројца од нив се осомничени и за тешка кражба.