„Прашање е кога ќе излезе во јавноста, но јас ќе ви кажам дека ракот на дојката се врати и е во четврта фаза“, рече Шенон со солзи во емисијата „Еј-би-си њуз“, пишува „Пипл“.
Шенон повторно се бори со сериозната болест, таа помина многубројни хемотерапии и мораше да ги отстрани градите.
По емитувањето на шоуто, Шенон им се обрати на следбениците на социјалните медиуми. Таа објави фотографија со цитат на Снупи.
„Умираме само еднаш, но живееме секој ден!“, пишува во објавата. Многу колеги ѝ напишале пораки со поддршка, меѓу кои и Селма Блер (47), која исто така се бори со сериозна болест.
„Го осветлуваш патот. Знај дека си саканa“, ѝ напиша Селма. На актерката ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза пред повеќе од една година, а на социјалните мрежи таа често зборува за болеста и третманот низ кој поминува.