Тони Трајковски се појави на суд за „ТНТ“

Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба, како обвинет во предметот „ТНТ“,денеска дојде во судот на рочиште.Според него не сака да биде причина за одлагање на процесот.  Трајковски вели дека уште имал боледување од комисијата но сепак одлучил да дојде.

Рочиштето започна со воведи говори. Обвинителот Бурим Рустеми остана на говорот кој го имал во јануари 2018 кога почна прв пат „ТНТ“.И адвокатот по службена должност на избеганиот Никола Груевски остана на стариот воведен говор кој го дал тогашниот адвокат на Груевски.

Адвокатот Еленко Миланов кој го брани порашениот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски рече: Ќе ви докажеме дека обвинетиот Миле Јанакиевски како министер за транспорт во тоа време немал ингеренции во тоа сето овде што му се става на товар. Тој побара транскриптите од „бомбите“ да не бидат докази и да се одложи судењето додека не се донесе новиот закон за јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави