Трипл-дабл за Јокиќ во победата на Денвер против Јута

Центарот на кошаркарскиот НБА-лигаш Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна 30 поени, 21 скок и 10 асистенции на натпреварот против Јута. Србинот стана 10. играч во историјата на НБА кој има постигнато најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции на еден натпревар.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток:
Детроит – Феникс 116:108
Бостон – Орландо 116:100
Бруклин – Голден Стејт 129:88
Торонто – Индијана 119:118
Минесота – Атланта 120:127
Оклахома – Кливленд 109:103
Далас – Мемфис 107:121
Јута – Денвер 95:98
ЛА клиперс – Мајами 128:111.

Треба да знаете
Последни објави