Оваа моја денешна посета е да ја увидам ситуацијата којашто е на Прилепското езеро.
Од она што можам да го видам позади мене езерото е речиси празно, тоа ја доведува во прашање наредната сезона којашто е пред нас, земјоделската сезона, за неколку месеци од сега треба да почне наводнувањето односно расадувањето на тутунот. Ова позади мене е една од сликите во Република Македонија за негрижата на водните ресурси во државата. Ова ситуација со прилепското езеро е идентична со онаа којашто е во акумулацијата Калиманци и Тивешкото езеро е на долен минимум, речиси нема акумулација која не е испразнета од тоа недомаќинско работење кое што го имаше акционерското водостопанско претпријатие и Министерството за земјоделство.
Сведоци бевме дека минатата година истото АД Водостопанство неколку месеци немаше поделено плата на вработените, резервни делови за механизацијата, а врвот на се беше негрижата за акумулациите, овие акумулации кои што ги има во Република Македонија, односно наредната година ќе биде и те како тешка за земјоделското производство.
Оваа посета е лично да се уверам во фактичката состојба и она што го гледам позади мене е навистина катастрофална состојба, можеби со задоцнета реакција од надлежните институции да уште минатата година кога беше сушна годината да се користеше водата рационално. Тоа не се случи и денеска имаме празна акумулација. Она што во најмала рака треба денес да го прави владата и министерството е да се формира некое тело коешто ќе направи стратегија што со ваквата ситуација.
Денеска во државата гледаме дека никој не спомнува за оваа ситуација којашто е алармантна. Ние сме земјоделска држава и нашето земјоделско производство е многу зависно од наводнување на земјоделските површини.
Затоа во оваа ситуација ја користам оваа изјава да апелирам и до владата и до министерството да направат некое тело, да направат некоја стратегија што во наредниов период затоа што како што сами кажавте за неколку месеци од сега започнува наводнувањето, не само во Прилеп во цела Република Македонија без вода неа да имаме земјоделско производство. Едноставно ќе имаме десеткувано производство што ќе значи и намалено производство на земјоделски производи, и намален извоз на земјоделски производи и на крај ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на земјоделците во Република Македонија.