Училиштата во Карпош потпишаа еко меморандум за поздрава животна средина

Претставници од  десетте  основни  училишта  на територијата на Општина Карпош, денеска склучија Меморандум за соработка со правното лице за постапување со отпад од пакување „ Пакомак“ ДОО Скопје, правното лице за постапување со опасен отпад „ Друштво за управување со 0 отпад “ ДОО Скопје, како и Невладината организација за Екологија  „4SELECT“ Скопје.

Поаѓајќи од фактот дека собирањето, селектирањето и рециклирањето на отпадот, правилното постапување со отпадот, со цел  да се имплементираат Законот за отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување и зачувување на здрава животна средина со согласност со принципите на Европските конвенции како и еколошките принципи на сите инволвирани субјекти се утврдија следниве цели на соработката: воспоставување на меѓусебна соработка, координација и ефективно реализирање на истата; подигнување на еколошката свест и создавање на навики кај децата, родителите и наставниците за селектирано собирање на отпад и негово рециклирање. Тоа, во иднина ќе придонесе за почиста животна средина, и до одредени придобивки за самите деца, родители и сите засегнати субјекти. Исто така, основна цел на овој проект е едукација на децата и нивна стимулација, како и на нивните родители да носат пластична амбалажа, хартија и ситен електронски отпад во поставените контејнери.

Оваа соработка ќе трае додека има заемна заинтересираност од сите потписнички страни. Целта на овој прв ваков проект во рамки на училиштата на Општина Карпош, всушност е подигнување на свеста за заштита на здравата животна средина, всадување на еко-културата кај децата основци уште од најрана возраст, како и зголемување на хигиената во училиштата.

За сите потписници на Меморандумот се одредени конкретни активности кои ќе ги ќе преземат во наредниот период во остварување на целите на соработката. Обврски на „ ПАКОМАК“ ДОО се, онаму каде што недостасува, да постави контејнери или канти за селектирано собирање на пластични шишиња во кругот на училиштето, како во рок од седум дена да обезбеди хартија, да обезбеди течен сапун за училиштата, редовно да го собира отпадот во дефинирани термини, а со официјален претставник на невладината „4 SELECT“ да ги мери количините на селектираниот отпад. Исто така, „ ПАКОМАК “ ДООЕЛ има обврска да организира транспорт на собраниот отпад до компаниите, и да обезбеди биоразградливи вреќи за отпад на сите ученици.

Обврски на „ 4 SELECT“е и да претстави проектот и придобивките од него, координација на едукативно еколошко предавање на сите деца во текот на тема селектирање и рециклирање, организирање на натпревар за најдобра фотографија на тема „Херој на Планетата“, додека обврските на училиштата се соодветно да го претстават проектот на децата и родителите на разбирлив начин, континуирана мотивација на децата и родителите околу успешна реализација на проектот, можност за одржување на еколошко предавање, рамноправно учество во еко натпреварот за ЕКО училиште, одредување на ЕКО лидер на училиштето ( еден од класните родители).

 

 

Треба да знаете
Последни објави