По повод едногодишнината од трагедијата кај Ласкарци каде што во сообраќајна незгода загинаа 16 лица а децетици други беа повредени, во четврток, на 13 февруари, ќе се одржи граѓански марш.
Маршот ќе започне на местото каде што се случи трагедијата кај село Ласкарци, а ќе заврши на градскиот плоштад во Гостивар, во должина од околу 55 км.
Иницијативата доаѓа од група планинари а ќе биде целосно поддржана од Општина Гостивар.
– Покрај сежавањето на жртвите од трагедијата, со овој марш имаме намера да испратиме порака до надлежните државни институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во патниот сообраќај, како и да ги сензибилизираме сите учесници во сообраќајот вакви трагедии да не се повторат“, велат организаторите на маршот.
Општина Гостивар ги охрабрува граѓаните да учествуваат што помасовно на маршот, а дел од него же биде и градоначалникот Арбен Таравари со негови соработници, кои ќе испешачат неколку километри.