На 05.02.2020 во 17.21 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(34) од Битола, удрило во пешакот Љ.Т.(70) од Битола. Во незгодата, Љ.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.