Васев: ВМРО-ДПМНЕ и луѓе блиски до партијата свесно ги труеле граѓаните

Фактите околу скандалот со несоодветно третираниот медицински отпад покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и луѓе блиски до партијата свесно ги труеле граѓаните, заради остварување на личен профит. Фирмата Еко клуб која надвор од прописите складирала и превезувала медицински отпад е во сопственост на Сашо Јанакиески бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Никола Груевски.

Јанакиески наместо отпадот да го уништи во соодветна машина, тој отпадот во кој имало остатоци од човечки органи, медицински шприцеви и отпад од кој се цедела крв без проблем го депонирал во Дрисла.

А тоа таму му го овозможувал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Ангелов, кој со години беше директор на депонијата, а против кого се води истрага во соседна Бугарија незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија. Со таквото третирање на опасниот медицински отпад, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ Јанакиески и Ангелов, свесно поттикнувале потенцијална опасност од ширење зарази. Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белиот дворец, кај ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски а контролирано од Груевски не само што не се грижи за животната средина, туку намерно, заради профит ја загрозува. Овој случај мора да добие правна разрешница. Мора да има одговорност за овој скандал, бидејќи никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните.

Сите надлежни институции, особено јавното обвинителство, мора итно да го решат случајот и одговорните да бидат санкционирани.

Треба да знаете
Последни објави