Индиската полиција уапси 25-годишен маж поради силување на петгодишно девојче.
Силувањето се случило во саботата во комплексот на Амбасадата на САД во Њу Делхи. Додека мажот е уапсен следниот ден откако родителите го пријавиле случајот.
Девојчето е хоспитализирано и е во стабилна состојба.
Семејствата на девојчето и на напаѓачот живеат во комплексот на Амбасадата на САД, каде нивните татковци се дел од локалниот персонал на дипломатската мисија. Напаѓачот е возач и не е вработен во Амбасадата на САД.
Индиската Влада во 2018 година воведе смртна казна за силување на деца, по случаите на силување и убиство на осумгодишно дете и силувања на девојчиња.
Според последните податоци за криминалот во Индија, секоја четврта жртва на силување е дете, а во 94 отсто од случаите жртвите го познавале напаѓачот.