Додик одлучен: Несоодветно е Ѓукановиќ да доаѓа во БиХ додека Црна Гора се соочува со сериозен предизвик!

Српскиот член на претаедателствтото на БиХ, Милорад Додик изјави дека Црна Гора била и е пријателска, а може да се каже и братска држава и дека нема причина да не биде така и во иднина, но дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не е добредојден во БиХ во моментот, пренесува српски „Курир“.

Додик наведе дека Ѓукановиќ и претходно имал можност да ја посети БиХ, но не го сторил тоа.

„Според мене, несоодветно е да го прави тоа сега кога Црна гора се соочува со толку сериозен предизвик на кој сите сме сведоци и кој со големо внимание се следи и во Република Српска поради фактот дека ѝ припаѓаме на иста црква“, рече Додик, кој претходно изјави дека поради актуелните случувања во Црна Гора, Ѓукановиќ не е добредојден во БиХ.

Додик наведе дека одлуката во врска со доаѓањето на Ѓукановиќ во Бих не била во функција на освежување на спомените и историските сеќавања, особено не на владеењето на Слободан Милошевиќ со кој, како што вели, Ѓукановиќ блиско соработувал токму во турбулентното време што и самиот го споменува.

Треба да знаете
Последни објави