Хајди Клум, Лаис Рибеиро, Девон Виндзор и Нина Агдал ги истакнаа своите долги нозе во фустани со длабоки шлицеви во гламурозна парада на престижниот настан аmfAR посветен на борбата против сидата.
AmfAR Гала Њујорк всушност е неофицијален почеток на Модната недела во Њујорк и оддава почест на поединци за нивниот голем придонес во борбата против ХИВ/СИДА.
Овој спектакуларен настан со црни вратоврски вклучува коктели, гала вечера, аукција на луксузни предмети, музички настапи и посебна почест кон истакнати поединци.
Четирите убавици помогнаа да започне њујоршката модна недела (New York Fashion Week) со елегантни и сексапилни фустани, накит и обувки на познати дизајнери, пишува Дејли Мејл.