Со законот се бришат каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од страна на јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи.
Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.
„Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците. Доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон“, појаснуваат од Министерството.
Доверителите кои се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците го вршат на доброволна основа.
Законот, кој вчера беше изгласан, ќе стапи на сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.