Холивудската актерка Камерон Дијаз неодамна стана мајка на девојчето Редикс, и речиси целосно се повлече од јавниот живот. Таа се посвети на семејството и се чини дека светот на гламурот воопшто не ѝ недостасува.
Иако ретко се гледа во јавноста, Камерон беше фотографирана како пазарува намирници за бебето и други работи за по дома. Нејзините обожаватели забележаа дека актерката изгледа уморна и исцрпена, па многумина коментираа дека повеќе не личи на себе, и ѝ порачаа дека остарела и дека изгледа како вистинска домаќинка.
Сепак, додека на фановите можеби не им се допаѓа што омилената актерка не ја гледаат во нови филмски остварувања, Камерон е исполнета и среќна и ужива во семејниот живот. Таа се грижи за бебето без дадилка, па прашање е дали и кога ќе се врати пред камерите.