Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.
– Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени колку тоа да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот и со надлежните институции овие луѓе да не земат К-15 . Се разбира, ќе важи само за оние кои ќе прифатат прераспределување, рече Манчевски одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на Колективниот договор за државната администрација.
МИОА и Синдикатот на УПОЗ денеска го потпишаа Гранскиот колективен договор во кој се предвидени повеќе права за работниците меѓу кои исплата на регрес за годишен одмор во нето износ од 9.000 денари. Меѓу правата кои ги добиваат вработените се и флексибилно работно време, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, плата за време на годишен одмор и за време на штрајк…