МаСВА: Одржливо управување со отпад

Македонската Асоцијација за Управување со Цврст Отпад – МаСВА (МаSWA – Macedonian
Solid Waste Asociation), е конзорциум од правни и физички лица кои промовираат одржлив
развој и реализација на одржливо управување со отпадот. Формирана во 2013 година и од
јуни 2014 година е НАЦИОНАЛНА ЧЛЕНКА на Меѓународната организација за цврст отпад
ISWA(International Solid Waste Asociation) и со тоа официјален претставник на Македонија.
Во однос на актуелни теми кои деновиве ја тресат јавноста, Македонската асоцијација за
цврст отпад (МаСВА) изразува загриженост за начинот на кој во јавноста се третира
прашањето на отпадот, неговиот третман и преработките од отпад за понатамошна
употреба.
Имено, светски воспоставената пракса на селектирање на отпадот, негово рециклирање
и преработка за понатамошна употреба е широко применета и гарантира соодветен
третман на отпадот и намалување на истиот. Воедно, реупотребата на соодветно
третирани остатоци од отпад гарантирано ја намалува употребата на природни ресурси
и обезбедува воспоставување на принципи на циркуларна економија и нула-отпад.
МаСВА, како членка на Меѓународната организација за управување со отпад (ISWA)
одговорно потврдува дека финалната употреба на отпадот како енергенс или како друг
производ го заокружува целиот систем на правилно третирање на отпадот и придонесува
кон намалување на несаканите и штетни последици по животната средина кои
настануваат со негово одлагање на депонии. Воедно, тој концепт докажано е една од
најдобрите достапни практики во светски рамки. Тоа го потврдуваат бројни научни студии,
но и донесените регулативи на европско и светско ниво.
МаСВА апелира сите решенија кои се однесуваат на отпадот, третманот на отпадот и
негова преработка за понатамошна употреба и како енергенс, како и дебата за на оваа
тема да се води на стручно ниво, затоа што само со факти и примена на воспоставени
технологии ќе се дојде до најдобри решенија во интерес на сите и ќе придонесе
за поголема заштита на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави