Вешто лице од Судска медицина и психијатар денеска на рочиштето за „Ласкарци”, ќе ги презентираат извештаите за здравствената состојба на возачот Маноил Трифуновски, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.
Инаку, на последното рочиште за трагедијата во близина на село Ласкарци, вешто лице кажа дека возачот за време на несреќата ниту заспал, ниту пак зборувал на телефон, но можно е да се завртел кон лево со телото или пак да погледнал надолу пред него.
На 13 февруари ќе се наврши една година од сообраќајна несреќа после наплатната рампа „Глумово”, каде автобус на компанијата Дурмо Турс, изгуби контрола и падна во бездна. Во сообраќајката животот го изгубија 16 лица, повеќето граѓани од Гостивар, а над 30 се здобија со тешки повреди.