Во продолжението на рочиштето за Рекет, беа презентирани Ватс Ап комуникации на Боки со Катица Јанева, Орце Камчев, Фросина Ременски и Дејан Панделевски.
Дел од пораките се од 5 февруари и се гледаат фотки од мебел кои Боки ги испраќа на Катица на Ватс Ап со текст “Одбрав, стигнати се”.
25 февруари на истата социјална мрежа комуникација меѓу Камчев и Боки.
Сведокот му испраќа фотографија од скриншот од покана од ОЈО со текст ” нели завршија?”.
Потоа има и други пораки со фотографии од покани од обвинителство, како и линкови од текстови.
“Лиле не мирува, Зоки тропа глупости” пораки кои Камчев му ги праќа на Боки.
Презентирани се други пораки од комуникацијата со Боки во врска со предмети кои ги нудел Камчев за гаранција за кауција.
Дел од комуникацијата е со Фросина Рененски со која разговараат за одлуки на судовите околу ослободување од притвор на Камчев, како и други муабети кои завршуваат со пораката на Боки”направи катастрофа”, на која Ременски одговара со”?”.
Боки комуницирал и со осомничениот во “Империја; Дејан Панделевски исто така во врска со одлуки и решенија. Дел е за најверојатна трансакција на пари оти Боки неколку пати прашува за 500, а Дејан Пелистерка, како бил впишан во именикот на Боки, кој во еден случај му вели дека не можел оти бил блокиран на Царина. Во друга порака на Ватс Ап Панделевски му вели “од мене можеш да добиеш 5 М“ и.т.н.
По презентацијата Боки реагираше дека коминикацијата со Ременски не е континуирано покажана и побара целосно да се извештачи неговиот мобилен.
Беа презентирани и фискални сметки од 24 25 и 26 февруари на кои биле потрошени 148000 евра од мајката на Боки и Боки во Италија.