Албанија нема да застане и да плаче пред вратата на Европа, чекајќи да биде отворена, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Тој истакна дека неговата земја треба да се фокусира на сопствената иднина додека Брисел ги решава своите проблеми со процесот на пристапување во ЕУ.
Албанија, со население од 2,8 милиони, се надеваше дека ќе добие зелено светло за почеток на преговори во октомври, но Франција, Данска и Холандија ставија вето.
Брисел сега ги зголеми напорите да ги убеди сите земји да го одобрат започнувањето на разговорите со Албанија и Северна Македонија на состанокот во мај.
– Ниту сум оптимист, ниту песимист. Не очекувам ништо. Ние не тргнавме по овој пат затоа што Французите или Германците ни побараа да го сториме тоа, туку затоа што тој е единствениот разумен за иднината на нашите деца и нашата земја, изјави Рама.
Додава дека дали Албанја ќе стане членка на Унијата не зависи од неговата земја туку од самата ЕУ.