Заврши снимањето на „Вечните“ (The Eternals), новиот филм на студиото Марвел – фабрика за суперхерои во сопственост на Дизни.
Џема Чан им се заблагодари на сите со кои работеше на филмот во кој има нов тип суперхерои, и потврди дека завршила со работата на проектот во кој ја игра Серси.
Актерката напиша: „Готово е. Им благодарам на моите колеги и на нашата талентирана, вредна екипа што не доведе до финишот.“
Соработникот на Џема, Кумил Нанџиани кој во филмот го игра Кинго, неодамна изјави дека „Вечните“ ќе биде најепски од сите филмови на „Марвел“.
“Ова е возбудлива научно-фантастична приказна. Ова е суперхеројска приказна, и на некој начин се издвојува од другите филмови на „Марвел“, овој е најепски од серијата блокбастери од Марвел“ рече актерот.