Силни критики упати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кон институциите во врска со случајот со „Еко клуб“ и опасниот медицински отпад кој несоодветно се горел во „Дрисла“.
Според него, ниту обвинителката, ниту државниот инспекторат си ја вршат работата за која се платени од граѓаните. Изјавата на Шилегов е одговор на соопштението на Јавното обвинителството во кое се вели дека градскиот инспектор Мирослав Богдановски не доставил докази по кривичната пријава за „Еко клуб“ за необработен медицински отпад што се депонирал на депонијата „Дрисла“.
-Градот треба да излезе виновен дека пријавил? Да сум јас претпоставен, нити обвинителката денеска ќе беше обвинителка, нити инспекторот ќе беше инспектор. Државата има такви инситуции преполни со полуписмен кадар од претходната власт. Зарем мислите дека треба 50 дена да молчат. Кој е овде луд? Неприфатливо е објаснувањето на овие државни институции. Градот Скопје е сериозна институција. Вршиме надзор врз работење на сите институции кои се наши, истакна Шилегов.